Горивата поскапуваат во просек 3,36%

Bez autora
Aug 04 2021

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 2,00 денара за литар, а малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) се зголемува 3,50 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 1,50 денар за литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,101 денар за килограм и сега ќе изнесува 37,981 ден./кг.

Од 4.8.2021 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 73,00 (денари/литар);

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 75,00 (денари/литар);

Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 63,50 (денари/литар);

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 63,50 (денари/литар);

Мазут М-1 НС – 37,981 (денари/килограм).

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik